Заев промовира зделка во која постои сомнеж за голем криминал

И новата Влада на СДСМ ја продолжува практиката на сите претходни од минатото на оваа партија, со договарање матни бизнис зделки, еден примерите за матните бизнис зделки на новата власт е фабриката „САНОС“, која како што кажа премиерот Зоран Заев произведува автобуси, а има само тројца вработени и погоните зјаат празни.

Во фабриката во која Зоран Заев пред неполни два месеца најави производство на 70 нови високо туристички автобуси, како што објави во петокот телевизијата Алфа, освен чуварот и еден џип со белградски таблички, дворот е сосема празен.

 

 

Заев при посетата на оваа фабрика, зад која според информациите има многу матни игри, кажа дека е таму „да се поклони“ пред работниците, кои според официјалните документи се само тројца.

„Јас денеска со моето присуство овде, сакам да оддадам почит кон менаџментот на компанијата, но овде сум, пред сѐ, да се поклонам пред овие работници, коишто во ова тешко време, со оваа традиција на оваа фабрика издржале и создале едни вакви прекрасни дела со кои јас, а верувам и цела Македонија, се гордее, како што се гордеат и тие“, изјави Заев при посетата на фабриката „САНОС“.

 

 

Во врска со овој прокет има многу нелогичности, а според одредени информации целта на овој проект е зафаќање од државната каса, односно стари автобуси се репарираат и се изнесуваат како нови, со што се ослободени од данок според законите.

За познавачите на ваквите прилики овде постои сомнеж за финансиска малверзација. Имено, постои можност дека се работи за разработена мрежа каде компанијата набавува половен автобус и врши репарирање и потоа низ царината ги извезува како нов производ по што прави од државата добива фиктивен поврат на ДДВ со што се оштетува државниот Буџет.

 

 

Даночните инспектори ќе имаат полни раце работа, тие ќе треба да утврдат како е можно фирма со тројца вработен да произведе толку автобуси, дали се купени половни автобуси кои се репарираат како нови и дали постои извоз и дали ќе биде побаран поврат на ДДВ. Даночните инспектори ќе треба да проверат дали овој помпезно најавен проект на Зоран Заев е само една обична перална на пари.

Како што вели поранешен вработен во производствениот сектор на „ФАС 11 Октомври“, во чии простории сега е оваа фабрика, само во производниот дел во фабриката биле вработени 1.800 луѓе, кои годишно произведувале 1.600 автобуси, значи во просек по помалку од еден автобус од работник. Како паралела, сега оваа компанија има вкупно тројца вработени, значи во просек еден вработен сам треба сега да произведе 23 автобуси. Покрај тоа, во моментов во индустриската зона Бунарџик работи и фабриката „Ван Хул“, која, исто така, произведува автобуси за извоз, во којашто, пак, работат повеќе од 800 работници.

Освен бројка на вработени потребна е инвестиција во машини. Состојбата на „САНОС“ е поприлично лоша. Во 2003/2004 година неа ја купи бизнисменот Славе Распашковски за околу 1,5 милиони евра со цел да го обнови производството на автобуси и да врати на работа поголем број од поранешните работници. Оттогаш имаше неколку безуспешни обиди за рестартирање на фабриката.

 

 

Засега непотврдени се информациите дека сопственикот наследените машини од „Фас 11-ти Октомври“ ги продал како за старо железо. Од неколку стотина вработени се намалила на само тројца.

Последната понуда за продажба на „САНОС“ била во 2005 година од автомобилскиот гигант „Волво“, но не била постигната согласност поради превисоката цена која ја побарал управникот Распашковски