Лажна тревога за британскиот авион во Париз

Полицијата објави во неделата објави дека претресот на авионот на компанијата „British Airways“ кој беше запрен на парискиот аеродром „Шарл де Гол“ и евакуиран непосредно пред полетувањето за Лондон, покажа дека станува збор за лажна тревога.

Претходно аеродромската служба во Париз објави дека од авионот на летот ВА303 се евакуирани патниците, како и дека причина за тоа е „безбедносна закана“.

Полицијата потврди дека кучињата трагачи по експлозиви го пребарале авионот при што не е утврдена никаква безбедносна закана, како и дека алармот издаден над авионот е укинат.