
Главниот и одговорен уредник на дневниот весник „Слободен печат“ Бранко Героски, денеска беше посипан со боја во двобојот што вчера го закажаа со Љупчо Палевски, бизнисмен и поранешен функционер на СДСМ, пред кафулето „Манда“.
Терминт за „средбата“ беше безициран преку социјалната мрежа Фејсбук. И двајцата се појавија точно на закажаното место.
Палевски седеше во кафулето со свои пријатели, а Героски во придружба на Владимир Милчин и Бранко Тричковски, како што вети на ФБ, не влезе во објектот, туку пред кафулето го повика Палевски, држејќи во раката некаков документ.
Палевски побара од Героски извинување за пцости и вулгарности упатен кон него на социјалните мрежи, а откако Героски одби да го стори тоа (веројатно намерно провоцирајќи шамар), Палевски, спротивно од очекувањата на Героски, му истури боја врз глава. Укажувајќи дека за Героски е казна, односно шамар, токму шарањето со двете национални бои, црвената и жолтата.
„Фарбан со национални бои шарена револуција, тоа ти е шамарот. Сега те фарбав ко ти што фарбаше згради. Герица дали е добра револуцијава? го праша Палески.