Коѕиас и Гутереш разговарале за името на Македонија

Прашањето за името на земјава, Кипар и реформите во Обединетите нации биле главните теми за кои синоќа во Њујорк разговарале грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас и генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш.

Според Коѕиас, разговорот бил „интересен“, а Гутереш го поздравил и ставот на Грција за миграцискиот проблем.

Во врска со проблемот кој Грција го има со уставното име на Република Македонија и разговорите со посредништво на медијаторот Метју Нимиц, Коѕиас рекол дека „постои отворен прозорец за можности“ да се разговара по завршувањето на локалните избори во октомври и доколку „соседната земја го напушти иредентизмот“.