Одложено рочиштето за случајот „Сопот“

Поради отсуство на судијката, во понеделникот еска во скопскиот Основен суд Скопје 1 Скопје беше одложено рочиштето за случајот „Сопот“, а новиот термин е закажан за 9-ти октомври.

Во Кривичен суд одложено рочиштето за случајот „Сопот“, што го презеде Специјалното јавно обвинителство, поради службени обврски на претседателот на Советот, а обвинителката Фатиме Фетаи не открива детали како ќе го води случајот.

„Рано е да се зборува за било каква понатамошна одлука. Судењето е одложено за 9-ти октомви, ќе бидете присутни и ќе следите што се случува“, изјави обвинителката Фетаи.

Одбраната бара повлекување на обвинението, според кое 11 жители од кумановското село беа осудени за тероризам на вкупна затворска казна од 150 години.

Случајот „Сопот“ е од 2003 години, кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа, откако теренско возило на НАТО нагази на мина.

Во овој случај десет лица се осудени за тероризам. Тие се товарат дека во 2003 година подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево – Сопот.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во јули годинава му го предаде предметот „Сопот“ на СЈО, откако во јавноста беа објавени разговори на владини функционери поврзани со овој случај.