
Во американскиот град Сент Луис и натаму владее напнатост откако во неделата на слобода беше пуштен белиот полицаец по убиство на афроамериканец, пресуда којашто предизика протести коишто полицијата ги растури со солзавец и уаспени десетици насилни демонстранти.
Демонстрантите фрлаа разни предмети врз припадниците на силите за одржување на редот во неделата ноќта, а неколку излози на продавници се искршени по собирањата кои повторно излегоа вон контрола откако почнаа мирно, како и двете претходни ноќи.
Најмалку 35 лица се уапсени од петокот, на денот на соопштување на пресудата, а единаесет припадници на локалните сили на редот се повредени во судирите со демонстрантите од кои некои бил вооружени со камења и тврди предмети, според полицијата.
Демонстрантите, осудувајќи го институционалниот расизам, најавија дека имаат намери да вршат блокади и собири во текот на следните денови во знак на протест против пресудата за ослободување на полицаецот.
Скандалот беше следен на национално ниво поради односот меѓу полицијата и афроамериканската заедница и по неколку големи афери во кои бели полицајци усмртија изминатите години афроамериканци во неразјаснети околности. Особено е чувствителна ситуацијата во Сент Луис, градот каде што избувнаа немирите во 2014 година по загинувањето во предградието Фергусон на црниот тинејџер Мајкл Браун.
Поранешниот полицаец Џејсон Сток е белец. По гонењето во 2011 година на афроамериканскиот препродавач на дроги Ентони Ламар Смит, пукал и го убил во автомобил. Различни видео снимки од настанот не ја даваат целосната слика, но полицаецот беше обвинет дека подметнал пиштол во автомобилот за да го оправда својот чин.
Во Сент Луис стотици полицајци во петокот се ангажирани опремени со заштитни елеци. Неколку се посериозно повредени во судирите.
Ирската група U2 го откажа концертот во саботата вечерта во Сент Луис откако била известена дека полицијaта нема да може да осигури нормална заштита. Во неделата беше откажан и настапот на британскиот поп пејач Ед Ширен од истите причини.