
На видео снимката се гледа како осомничениот бомбаш од Лондонското метро ја напушта куќата со бомба во кеса од еден супермаркет.
Снимката покажува дека човекот ја напуштил куќата час и половина пред нападот во петокот наутро.
Снимката од камерата покажуваат човек со шешир и сива облека, кој носи кеса додека го напушта својот дом во 6:50 часот.
Во 8:20 часот бомбата се активирала, не успеала правилно да се детонира, па повредила 30 луѓе, но не успеала да предизвика масакр.
Полицијата верува дека го идентификувала главниот осомничен, 18-годишно момче, кој бил уапсен во Довер. Во притвор е заедно со 21-годишно момче, уапсено во саботата.
Министерот за внатрешни работи, Амбер Рад, рекол дека полицијата направила добар напредок во истрагата.
https://www.youtube.com/watch?v=ZU77TwqZJWo