Димитров од прв дипломат, до прв фотограф на Заев

Премиерот Зоран Заев, кој до 23 септември ќе присуствува на Генералната дебата на 72. Генерално собрание на Обединетите нации, вчера објави фотографија како се ракува со американскиот претседател Доналд Трамп.
Главен фотограф на Заев во Њујорк е лично шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, кој со министерот задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, го придружуваат Заев на работната посета на ОН.

Премиерот ја сподели таа фотографија на неговиот фејсбук профил, со коментар: „Во Њујорк сум за Генералното Собрание на ОН. На средбата со претседателот Доналд Трамп предмалку изразив поддршка за неговата иницијатива преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН. Посакав успешен старт на реформите на организацијата на ОН“.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Молошоски, за авторот на фотографијата напиша:

Од прв дипломат на Владандо прв фотограф на Зоран Заев, на трчање низ ходниците на ОН. Па уште лаги „оствари средба со Трамп”. Оф леле!