
Сакам да ги прашам моите колеги од СДСМ дали воопшто размислиле каков закон воопшто панираат да носат? Ако ВМРО-ДПМНЕ и јас се ставам тука бидејќи и во 2008 и 2012 бев пратеник на два пати се донесе закон за унапредување на правата на етничките заедници, како може да зборувате дека ВМРО-ДПМНЕ е против Албанците, прашува пратеникот Крсте Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Меѓутоа тие закони во себе имаа елементи кои што ги гарантираат правата на сите заедници и тоа се европски признати права и кои што за жал нашите Македонци кои живеат надвор од оваа држава ги немаат никаде. Со овој закон правиме јазична федерализација и зошто во 111 дена трите прашања кои што не се решени 30 години и особено договорот со Бугарија и она што следува за името го продавате, прашува Мукоски.
Тој вели дека СДСМ се откажал од македонскиот народ, јазик и нашето малцинство во пиринска Македонија.