
Заборавете ги Адел и Колдплеј. Песната којашто ја потпишуваат музичко трио и музички терапевти е докажана како соврешно средство за редуцирање на анксиозноста, опуштање и релаксирање…
Како сакате да се опуштата, со чаша шардоне, топла купка и свеќи или со утринска јога?
Според научните студии, постои една соврешена песна којашто би требало да ја слушате доколку во моментот сте под стрес и тензија или, пак, чувствувате нервоза.
Според бизнис магазинот Inc, осумминутната песна под насловот „Weightless“ зад којашто стои триото Маркони Јунион од Манчестер ја реудицира анксиозноста кај слушателите, за 65 отсто, и специјално е направена да ги намали биењата на срцето и да го намали крвниот притисок, како и да го редуцира нивото на кортизол, хормонот на стрес.
Според пишувањето на The Telegraph, Маркони Јунион соработувале се музички терапевти за да креираат звук кој вклучува дишење, гитара, клавир и електронски семплови инспирирани од звуците од природата.
Резултатот од студијата докажал дека нумерата „Weightless“ дури 11 отсто повеќе опушта во однос на која и да е друга, како и дека го намалува нивото на анксиозност кај жените, дури до 35 отсто пониско, од вообичаените стапки на мируање.
Важно е, исто така, да се напомене дека не е препорачливо оваа песна да се слуша додека се управува со превозно средство.