Златко Марин продолжува со уцени и заплашувања

Продолжуваат да се откриваат скандалите на кандидатот на СДСМ во Општина Аеродром, Златко Марин. Фејсбук групата „Аеродром во МОЕТО СРЦЕ“, обвинуваат дека продолжува заплашувањето на кафеаните во Аеродром, дека Златко Марин продолжува со уцени и заплашувања низ општината.

Тие велат дека Марин обезбедил бесплатни гозби за него и неговата екипа во две кафеани во општината, во текот на изборниот период, со ветување дека по изборите доколку ја добие локалната власт ќе ги легализира нивните објекти, но и дека нема да стапне инспекција во нивните локали, се додека СДСМ е на власт.

Инаку веќе имаше примери во Аеродром, каде што власта на СДСМ ја користеше својата моќ со испекциите, па две кафулиња кои се бренд на населбата и Општина Аеродром беа затворени, бидејќи имаа шеќерчиња со логото на Општина Аеродром.