
Нема историски услови и причини за воведување на двојазичност или повеќејазичност во Република Македонија, вели во вечерашносто отворено студио Сотир Костов, поранешен јавен обвинител, аналитичар и колумнист.
– Овој Закон прво има еуфимистичко име, односно не го нарекуваме со вистинското име, туку го нарекуваме како Закон за употреба на јазиците, а јасно е дека е Закон за употреба на албанскиот јазик во една држава која се вика Република Македонија. Овој Закон доколку е уставно заснован, а не е, ги кине рамките на Охридскиот договор. Да не заборавиме тој договор е рамковен, а што Заев од Швајцарија ни порача дека ова 21 век и дека ќе ги крши рамките, тогаш ова е фактурата која ни ја испорача – вели Костов.
Тој додаде дека во Макединија живеат и други етникуми и не се само Албанците и посочи дека со овој Закон за јазици сакаат да се воведе и трета држава во регионот во која официјален и државен јазик ќе биде албанскиот, покрај Албанија и Косово.