
Штипската полиција поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.
Според МВР, Захариев склучил штетен договор со фирма од Штип, спротивно на законските прописи и без наведен основ за склучување.
Захариев, според кривичната пријава, наместо да и наплати на фирмата околу 1,8 милиони денари за уредување на градежно земјиште за изградба на објект со локација во Индустриската зона Запад во Штип, тој и наплатил само околу 300.000 денари.