
Собраниската расправа за законот за употреба на јазиците и денеска продолжи во знакот на меѓусебните обвинувања помеѓу поранешните коалициони партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, повторно ги обвини градоначалниците на ДУИ за коруптивно работење.
-Во општина Чаир блиски луѓе на градоначалникот Меџити со години не одат на работа, а земаат плата. Зошто граѓаните да плаќаат за тие да седат дома и да земаат плата. Знам луѓе од Кичево што плаќале по 4.000 евра за да се вработат како Албанци, рече пратеникот Милошоски