
На булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, две лица во четвртокот ноќта извршиле разбојништво врз скопјанец и од чантата му одземале околу 400.000 денари, но набрзо се откреини и приведени.
Едното лице му одзело чанта на оштетениот 43-годишниот А.Џ. во која имало околу 400.000 денари по што побегнало, а другото лице не успеало да избега, бидејќи во близина на местото бил фатен од полициски службеник кој не бил на должност и кој случајно бил на местото.
Тој го привел во Полициска станица Центар. Приведеното лице е С.А. (18) од Скопје. Во врска со истиот настан, по полноќ од слобода било лишено и лицето Ш.П. (24) од Скопје.
СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот.