
Центар за управување со кризи наавува дека во сабота, 23-ти септември, поради технички зафати без снабдување со вода ќе останат дел од корисниците во скопските општини Ѓорче Петров и Сарај.
Поради промена на затварачи во општина Сарај прекин во водоснабдување ќе имаат корисниците од Сарај, Крушопек, Грчец, Љубин, Арнакија , Глумово, Шишево, Матка и дел од Ѓорче Петров од 8 часот до завршување на работните активности.