Дете повредено во сообраќајка, возачот избегал

На крстосница меѓу патот за гостиварските села Стар Балиндол и Старо Чајле, во неделата се случила тешка сообраќајна незгода, во која е повредено дете а несовесниот возач избегал од местото на настанот.

Патничко моторно возило непозната марка и регистарски ознаки управувано од засега непознат возач удрило во седумгодишно дете од Старо Чајле и го напуштил местото на настанот.

По незгодата детето е однесено во Медицински центар Гостивар, каде и се констатирани тешки телесни повреди (фрактура на десна потколеница) и по укажаната лекарска помош е препратена на Клинички центар Скопје за понатамошно лекување.

Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Гостивар.