
Кандидатот за градоначалник од коалицијата предводена од СДСМ, Максим Димитриевски и советниците од оваа листа, денеска на градскиот плоштад во Куманово, одржаа прес-конференција на која најавија дека во наредниот период пред граѓаните ќе ја презентираат програмата со која настапуваат на локалните избори и ќе побараат поддршка од кумановци.
– Имаме сериозна политичка програма со која ќе настапиме достоинствено, ќе влеземе во секоја врата ќе го посетиме секој дом и домаќинство и ќе ја побараме вашата поддршка. Затоа што сакаме да го промениме ликот на Куманово. Сакаме да изградиме и создадеме модерна и урбана целина во која сите нејзини граѓани ќе живеат сложно и просперитетно, изјави Димитриевски.
Со Планот за живот во општина Куманово, додаде, се предвидени сериозни, нови капитални проекти кои ќе значат директен бенефит за секој граѓанин во општината.