
За хонорар 500 евра од седница, Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски е новиот владин преставик во собранието на акционери на Телеком и претседател на собранието на акционери.
Рашковски се самопредложил, а неговиот сограѓанин премиерот Зоран Заев и Владата ја одобриле ваквата одлука.
Од документот кој го објавува порталот Курир.мк, видливо е дека на 3-ти август Владата го овластила Драган Рашковски да присуствува и да биде владин преставник на собранието на акционери на Телеком, а ваквиот документ си го потпишал токму Рашковски. Таквото полномоштво било потпишано и од Зоран Заев.
За секое присуство на седница на собранието на акционери Рашковски ќе добива по 500 евра, а му следуваат и службен телефон со неограничен лимит, компјутери, користење на службено возило на негово барање.
Станува збор за уште еден конклфикт на интереси поврзани со Рашковски, како Генерален секретар на Владата е и владин преставник на собрание на акционери.
Дополнително, по првите контакти со Телеком, Рашковски за правните работи сакал да го ангажира својот кум адвокатот Дејан Костиќ за правен застапник на Телеком. Инаку истата адвокатска канцеларија на Костиќ е ангажирана и од Рашковски да ги води правните работи на генералниот секретаријат на владата иако Владата поседува свои правни служби.