
Претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Драган Човиќ, изјави во вторникот оти е убеден дека е прислушуван, и најави темелна истрага коментаријаќи ја последната афера која започна со истекување доверливи документи на Разузнавачко-безбедносната агенција (OSA) и обвинувањата дека се прислушувани и следени храватски стопанствници и политичари од БиХ и од Хрватска.
„Јас воопшто немам дилема дали некој ме прислушува или не, и како член на Претседателството и во улогата на претставник на политичка партија. Мене тоа не ме оптоварува, но институциите на државата мора да работат според законот“, изјавил Драган Човиќ, чијашто изјава ја пренесуваат медиумите во Мостар, центарот на хрватскиот ентитет во БиХ.
Ги отфрлил појаснувањата дека OSA ги прислушувала хрватските политичари и функционери за да ги заштите економските интереси, очигледно алудирајќи на истапот на министерот за безбедност на БиХ, Драган Мектиќ. Човиќ притоа најавил темелна истрага за злоупотребата на споменатата безбедносна агенција.
„Ќе мораме многу јасно да дадеме одговор, бидејќи не смее да се шпекулира околу толку важна работа. Тоа мора да исчезне во институциите на БиХ. Државата БиХ од илјада причини мора да профункционира како нормален систем. Не може доколку тој сегмент на полициската, безбедносната, обвинителската, судската власт до крајот не функционира на демократските односи“, додал Човиќ, кој истовремено е и челник на Хрватскиот народен собор во БиХ.
Хрватскиот неделник Nacional објави документи за прислушување на хрватски стопанственици и функционери, наведувајќи дека OSA веќе подолго време нелегално спроведувала мерки за нивно физичко следење, како и следење и прислушување на нивните комуникации.