
Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски денеска ги посети жителите на н. м Ново Село.
На средбата тие разговараа за нивните проблеми и решенијата во иднина, а Мисајловски на својот ФБ профил објави:
-Денеска ги посетивме жителите на н. м Ново Село каде што поразговаравме за нивните проблеми и им ги образложив решенијата кои се во нашата програма.
До крајот на кампањата ќе го посетиме секој дом и секое семејство, напиша тој.