
Садискиот крал Салман во вторникот им дозволи на жените да управуваат со автомобили, прекинувајќи ја конзервативната традиција којашто активистите ја сметаат за симбол на репресијата над жените во оваа сунитска монархија којашто го практикува ригидното вахабистичко толкување на исламот.
Саудиска Арабија, којашто се смета за родно место на исламот, беше на ударот на критиките како единствената земја на светот којашто на жените им забранува управување со моторни возила, и покрај постепениот напредок последните години и амбициозните цели на владата да ја зајакне нивната позиција во општеството, особено на пазарот на трудот. И покрај овие обиди замјата да добие помодерен имиџ, забраната за возењето автомобили битно ја одредуваше сликата за Саудиска Арабија на меѓународната сцена.
Кралскиот указ предвидува основање министерска комисија којашто во рок од 30 дена би требапо да даде свое мислење и потоа да ја примени оваа уредба до 24-ти јуни 2018 година, објави државната новинска агенција SPA. Во указот стои дека мерката мора да биде „во согласност со неопходните шеријатски стандарди“ и, иако не се наведуваат поединости, дека ја одобрило мнозинството во Советот на високите верски авторитети, врховното верско тело во кралството.
Неколку часа по објавувањето на указот, саудускиот амбасадор во Вашингтон, принцот Калед бин Салман, изјави дека тоа претставува „голем и историски ден за нашето кралство“. „Мислам дека нашето водство разбира дека нашето општество е подгвтвено. Мислам дека станува збор за вистинска одлука во вистинско време“, изјави амбасадорот.
Позитивни реакции пристигнуваат и од Саудиска Арабија и од целиот свет. Американското министество за надворешни работи ја поздрави мерката како „голем чекор во вистинска насока“. Ја коментираше и претседателот Доналд Трамп поддржувајќи ги стопанските и општествените реформи кои Ријад ги направи минатата година. „Ова е позитивен чекор во промоцијата на правата и можност за саудиските жени. И натаму ќе ја поддржуваме Саудиска Арабија во напорите да го зајакне своето општество и економија низ реформите како оваа и низ остварувањето на саудиската Визија 2030“, соопшти Белата куќа.
Повеќе од 25 години женските активистки бараа да им биде дозволено да управуваат со возила, така што и покрај забраните седнуваа зад воланот, испраќаа петиции до кралот и објавуваа видео снимки на социјалните мрежи како возат.
Активистката Манал ал-Шериф, која поради возење автомобил беше уапсена во 2011 година, на Twitter одушевено го поздрави кралскиот указ. „Денеска и послендата земја на светот им дозволи на жените да воат автомобили… успеавме!“, напиша.
Латифа ал-Шаалан, членка советодавното тело шурата, смета дека одлуката ќе придонесе за вработувањето на жените во приватниот сектор. „Ова е историски ден и не можам да ги најдам вистинските зборови за да ги изразам своите чувства и чувствата на илјадници Саудијки“, изјави ал-Шаалан за телевизијата Arabiya.
Саудсика Арабија минатиот викенд ја одбележа 87-годишнината од втемелувањето со досега невидена програма од претстави и концерти, а на славењето на Меѓународниот стадион Кралот Фахд во Ријад во саботата првпат му се приклучија и жените на вечерната оперета, прва воисторијата којашто е изведена во оваа исламска монархија.
Владата спонзорираше низа слични општествени настани помовирајќи ја реформаската програма Визија 2030, покрената пред две години со цел да се направи диверзификација на економијата, односно помалку зависност од нафтата, создавање на потполно нови сектори за вработување на младите и отворање на досега затвореното саудиско општество.
Меѓутоа, земјата којашто го практикува строгото вахабитско толкување на сунитскиот ислам кој брани мешање на половите, како и концерти и кино проекции, овие обиди за зајакнување на позициите на жените, популаризирање на спортот и вложувањата во индустријата за забава се уште наидува на критики и осуди од првизраниците на тврдата струја.
Позициите на жената постепено се поправаат во текот на владеењето на починатиот крал Абдула, а дополнително во 2015 годона по доаѓањето на престолот на кралот Салман кој на жените почна постепено да им го отвора дотогап забранетите области од животот. Тоа, меѓутоа, предизвикуваше тензии во односите со влијателните клерици од чијашто поддршка зависи кралското семејство.
Во Саудиска Арабија, главниот арапски сојузник на САД, жените законски имаат машки „чувар“ кој мора да ги „блгослови“ сите нивни основни животни одлуки, од образованието, вработувањето, бракот, патувањата, па дури и лекувањето. Покрај тоа, според законот мора да носат долги фустани и прекривки за главата и да побараат дозвола од „чуварот“ за која и да е правна активност.
Некои реакции на социјалните мрежи покажуваат дека пред оваа земја има уште многу работа во оваа сфера. Критичарите на Twitter ја отфрлаат одлуката и ја обвинуваат владата дека ги „искривила стиховите на шеријатот“. „Колку што ме служи помнењето, шеријатските учени рекле дека е ’харам’ (забрането) жените да возат. Како тоа одеднаш тоа стана ’халал’ (дозволено)“, напиша еден корисник.
Запрашан дали стравува од кознервативните критики, саудискиот амбасадор во САД одговори: „Промените значат дека некои луѓе ќе бидат на возачкото, а не некои на задното седиште, но сите ќе се возиме нанапред. Не станува збор за тоа дека жените мораа, туку дека можат да возат. Доколку која и да е жена во Саудиска Арабија не сака да седне зад воланот, тоа е нејзин избор“, додаде бин Салман.