
Во исто време кога хунтата на СДС прогонува и затвора недолжни граѓани и се изживува врз Едмонд Темелко кој е со животно загрозено здравје, владата на Заев со законот за амнестија ќе ослободи лица кои се осудени на тешки криминални дела, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Додека недолжни се носат во притвор, убијци, разбојници и криминалци се ослободуваат. Од СДС и Заев амнестија ќе има за лица осудени за убиство на дете при пораѓање, убиство од небрежност и убиство на миг. Заев и СДС сакаат на слобода да бидат лица кои се осудени за дистрибуирање на дрога, кражби и тепачки, нанесување на тешки телесни повреди, низа од дела кои се поврзани со бракот, семејството и младината. Помеѓу другото исто така ќе се амнестираат лица кои се бавеле со производство и пуштање на промет на штетни средства за лекување. СДС и Заев поради страв и паника дека ќе ги загубат локалните избори, пуштија на слобода криминалци, се наведува во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека Заев ги ослободи Агим Красниќи кој беше осуден за тероризам и Бајруш Сејдиу, кој е познат како тобако бос поради производство на фалсификувани цигари за двајцата да му бидат главен адут за локалните избори.
– Заев е нервозен и знае дека ќе ги загуби, надежта на Заев за овие избори не се проекти и програма туку криминалците кои ги ослободува. Целта на Заев е да ги заплаши граѓаните со овие криминалци, како и создавање на злосторничко здружување за фалсификување на изборите. Ова е изборна корупција и дерогирање на правната држава која ја киднапира СДС. Граѓаните гледаат дека Заев и СДС ја нарушуваат безбедноста на граѓаните па затоа на 15-ти октомври ќе ги казнат, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.