
Љубљанската полиција го потврди во средата трагичниот случај на млада мајка којашто штотуку роденото дете го ставила во пластична кеса и го сокрила во плакарот, а се сомнева дека го убила.
Полицијата засега не дава дополнителни информации, бидејќи во тек е собирање информации за овој случај, а медиумите наведуваат дека се сомнева на чедоморство, за што со словенечкиот кривичен закон е предвидена затворска казна до две години.
Мариборскиот дневен весник Večer објави дека најверојатно станува збор за постпородилна депресија на мајката којашто во меѓувреме е хоспитализирана во психијатриска институција.