
Грчките власти соопштија дека едно дете загинало, а околу 20 луѓе се спасени откако брод со мигранти потона или се преврте во близина на грчкиот остров Кастелоризо.
Несреќата се случила ноќеска, а деветгодишното девојче починало во болница, истакнуваат официјални лица.
Грчката крајбрежна стража соопшти дека прво брод на европската гранична агенција Фронтекс презело шест лица пронајдени во морето северозападно од Кастелоризо, а потоа започната потрагата по останатите.
Крајбрежната стража истакнува дека потрагата и спасувачката операција продолжуваат, додавајќи дека не е познато каков брод користеле мигрантите.