Загина жена во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

Едно лице почина во сообраќајна несреќа што се случи утрово на магистралниот пат Гостивар – Кичево.

Сообраќајката се случила во близина на Длапкин Дол околу 7 часот кога возило со струшки регистарски таблички се превртело и излетало од патот при што на лице место починала жена 54-годишна од село Октиси, Струшко.

Надлежните работат на случајот и со подетални информации СВР Охрид во текот на денот ќе излезе со сопштение информира портпаролот Стефан Димоски.