
На претстојните локални избори во октомври, ќе има помалку 73 избирачки места, кои функционирале на парламентарните избори во декември минатата година. Намалувањето на бројот на жители, особено во руралните средини се рефлектира на намалување на бројот на избирачките места во 25 општини.
Заев во неговата програма „План за живот во Македонија“, гордо најавуваше дека ќе ги врател младите кои се иселиле од држават, но, статистиките покажуваат друга реалност. Медиумите неодамна објавија дека за три месеци, откако е на власт СДСМ, од Македонија се иселиле 20.000 лица.
Не би чудело овој број да се зголемува, бидејќи новата власт не понудила се’ уште решенија за мотивација на младите да останат во државата.
Приказната на Заев за „живот во Македонија“ секако добива други димензии….