Хамилтион ја освои 70-та „пол позиција“ во кариерата

Водечкиот во генералниот пласман во светскиот шампионат во Формула 1, Британецит Луис Хамилтон од тимот на „Мерцедес“ во саботата ја освои својата 70-та „пол позиција“ за трката за Големата награда на Малезија којашто ќе се вози во недела во Сепанг.

Второто време во квалификациите го имаше Финецот Кими Рајконен од „Ферари“, додека трет беше Макс Верстапен од тимот на „Ред Бул“.

Најголемиот ривал на Хамилтон во борбата за титулата Германецот Себастијан Фетел од „Ферари“, кој имаше во саботата технички проблеми по промената на моторот пред квалификациите, ќе стартува од последното место.

Хамилтон има 28 бодови предност пред Фетел и сега има шанса да ја зголеми таа разлика.