
Македонија се наоѓа пред нов предизвик, нови локални избори. Сакам да потсетам дека нечие ветување нема рок на траење ни 5 минути, а тетовчани не го заслужуваат и не го забораваат тоа, но ВМРО-ДПМНЕ секогаш е присутна меѓу народот, истакна Горан Манојловски, кандидат за градоначалник во Тетово од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.
!Оваа програма која ја презентираме пред вас е од вас. Оваа програма е реална и издржана. Имаме проект за изградба на постројка за секундарна селекција на отпад во Тетово, со реализацијата на овој проект конечно би се решил повеќегодишниот проблем со загадувањето на средината и воздухот во Тетово, како и решавање на проблемот со транспортот на отпадот на градот. Имаме и проект за изградба на детски градинки во Тетово, опремени по најнови трендови, паралелно е планирано и етапно реконструирање на градинките, како и изградба на повеќе катни гаражи за решавање на горливиот проблем со метежот.
Досегашната градоначалничка, додаде тој, немаше слух да се изгради капелата на православните гробишта, но сега е вметнат овој проект во програмата.
Изградба на забавни детски паркови, игралишта и зелени површини, реконструкција на улици…, се само дел од предвидените проекти за следните четири години кои ги вети Манојловски.
„На 15-ти октомври да покажеме дека знаеме кој е најдобриот избор, да го заокружиме бројот 13 за подобра иднина на сите нас“, подвлече кандадатот за градоначалник на Тетово.