
Воен транспортен авион на армијата на ДР Конго се урна во близина на главниот град Киншаса во неделата, при што загинаа „повеќе десетици“ луѓе, соопштија извори за медиумите.
„Се урана транспортен авион. Вон авион“, изјави директорот на аеродромот Жорж Табора.
Авионот од типот „Антонов“ полетал кој Киву на истокот на земјата и превезувал „повеќе десетици лица“, изјавил за агенцијата AFP извор од аеродромот кој сакал да остане неименуван.
Авионот се урнал во областа на општината Н’селе, на стотина километри од главниот град, во пошироката област на Киншаса.
„Нема преживеани“, рекол извор од градските власт, кој исто така сакал да остане неименуван.
Со авионот управувал руски екипаж, а превезувал „две возила и муниција“, како и воен персонал во придружба, изјавил извод од генералштабот на војската на Конго, кој исто како и претходниците зборувал под услов да остане анонимен.
Според овој извор, „меѓу 20 и 30 лица“ биле во авионот кој полетал од аеродромот „Н’дола“ од престолнината.
Очевидец за AFP рекол дека видел како авионот паѓа, но дека не забележал видлив чад.