
Катастрофалните економски политики, кои СДС и Заев ги водеше овие 4 месеци ја доведоа Македонија да оди кон банкрот, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Лошите макроекономски показатели станаа општ тренд. Имаме во континуитет пад на индустриското производство за 5.3 проценти, пад на странските директни инвестиции, пад на прометот во индустријата и градежништвото. Во Македонија веќе не се слушаат добри вести за економски напредок, туку исклучиво негативни вести за тоа колку назадувала државата. Македонија оди кон банкрот. Констатирање за тоа имаше и Народната Банка на Република Македонија. Пад за 1.6% се забележа во активноста на банките, надополнето со пад на БДП. Поради лошата економска ситуација на државата, што ја створија СДС и Заев, НБРМ потврди дека банките ја намалија својата кредитна активност. Фирмите и компаниите се потешко се одлучуваат да инвестираат и земат кредит. Ваквата лоша политика ќе придонесе помалку пари за компаниите при што ќе придонесе стагнација во стопанството“, стои во партиското соопштение.