Голеада во Сан Себастијан

Фудбалерите на Реал Сосиедад и на Бетис одиграа во Сан Себастијан 4:’ во извонредно интересен натпревар во пладневниот распоред од неделната програма од 7-то коло на шпанското првенство.

Куриозитет е што стрелци на сите осум голови беа различни играчи. Повеќе може да жалат гостите од Севилја кои трипати беа во водство, а четири минути пред крајот примија гол со кој останаа без трите бода.

Головите за домашните ги постигнаа Вилијан Хозе во 12, Микел Ојарзбал во 26, Ксавер Прието во 57 и Диего Љоренте во 86 минута, додека за гостите стрелци беа Антонио Санабрија во 6, Зухаир Федал во 28, Жоакин во 46 и Серхио Леон во 84 минута.

За Реал Сосиедад ова беше првото реми оваа сезона со кое дојдоа на 8-то место со 10 бодови, додека Бетис, исто така, првпат одигра без победник и скокна на високото 4-то место со 13 бодови.