Без вода дел од Сарај, Грчец, Глумово, Шишево и Матка

Поради изведување водоводен приклучок од ф-300 и од Ф-80 мм на ул. „Маршал Тито“ бб. спроти училиштето во село Сарај утре без снабдување со вода ќе останат дел од корисниците од селата Сарај, Грчец, Глумово, Шишево и Матка во општина Сарај.

Прекин во снабдувањето ќе трае од 9 часот до завршување на работите.