Дваесет жртви и над сто ранети во пукањето во Лас Вегас (ВИДЕО)

Најмалку 20 луѓе загинале и повеќе од сто се настрадани во пукањрто во Лас Вегас, изјави во понеделникот во текот на прес-конференцијата пренесува на американските телевизиски канала шерифот на Лас Вегас, Џозеф Ломбардо,

„Во моментов веруваме дека загинати има повеќе од 20, а ранети повече од 100“, изјави Лобардо.

Претходно беше потврдено за две жртви и над дваесет ранети. Меѓутоа, портпаролката на Унуверзитескиот болнички центар предупреди дека најмалку 14 лица се во критична состојба и оти сите се ранети со огнено оружје.

„Потврдуваме дека осомниечниот е онеспособен“, објави на Twitter полицијата на Лас Вегас. Ломбардио на прес конференцијата потврди дека напаѓачот е убиен, кој е идентификуван како локален жител. Неговиот идентитет поради истрагаа не е објавен.

Мажот пукал од 32-то кат на еден од најголемите хотелски комплекси во градот „Mandalay Bay Hotel“ врз посеителите на фестивал на кантри музика кој се одвивал во близина.,

Пукањето започначо во 10,30 часто навечер по локално време и се слушнале десетици истрели од огнено оружје, а се верува дека станува збор за атоматска пушка, по што бил прекинат настапот на кантри пејачот Џејсон Олдин.

Истрелите траеле повеќе од мунита, а стотици луѓе во паника барале засолниште или се обиделе да побегнат од концертот.