
Сандра Африка ќе го изговори судбоносното „да“ со својот избраник Владимир Волков, со кој веќе неколку месеци се во сериозна врска.
Пејачката и фудбалерот ќе се заколнат на вечна љубов следната година во март.
Тие веќе извесен период живеат заедно, па сега и ќе ја официјализираат нивната врска.
Владимир сите детали за свадбата ѝ ги препуштил на Сандра, додека тој го преземал делот околу музиката, па по негова желба на свадбата ќе пее Шако Полумента. Меѓу поканетите гости ќе бидат и голем број фудбалери и естрадни личности.