
Непознато лице со закана со пиштол извршило разбојништво во обложувалница на улицата „Исаија Маџовски“ во скопската населба Хром и од вработените го одзело дневниот промет.
Како што информира МВР, настанот вчера околу 20:10 часот бил пријавен во СВР Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето како и целосно расчистување на случајот.