
Повеќе од 50 луѓе се убиени, а најмалку 200 се ранети во пукањето во Лас Вегас, е најновиот црн биланс кој го соопшти полицијата.
Полицијата потврди дека е убиен напаѓачот, и го идентификуваше како 64-годишниот Стивен Педок. Мажот стрелал од 32-от кат на хотелскиот комплекс „Mandalay Bay Hotel“ врз посетители на фестивал на кантри музика кој се одржувал во близината
Во моментов полицијата е во потрага по пријателката на осомничениот. Според канцеларијата на шерифот на Лас Вегас, станува збор за девојка којашто е идентификувна како Мери Лу Денли, којашто патувала со застреланиот.
Исто така, распишана е потерница и по две возила „хундаи уксон“ и миниван „крајслер пацифика туринг“.
РИА Новости https://ria.ru/world/20171002/1506005498.html