
Како одминува предизборната кампања за локалните избори закажани за 15-ти окотомври, така се повеќе расте поддршката во Ѓорче Петров за кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Владо Мисајловски.
Промотивниот штаб на Мисајловски во Ѓорче постојано е преполн со негови поддржувачи, а кон поддршката секојдневно се приклучуваат и обични граѓани и познати личности кои јавно застануваат зад Мисајловски и порачуваат дека тој е вистинскиот избор за напредок и просперитет на Ѓорче.
Легендата на македонското актерство, Ванчо Петрушевски и неговиот помлад колега Владо Дојчиновски отворено застануваат зад Мисајловски, за кого од ден на ден поддршката постојано расте, а Ѓорче изгледа обединето како никогаш досега во пресрет на изборите на 15-ти октомври.