
Националната стратегија веќе достапна како драфт верзија и ќе треба долго време за да се реализира, изјави поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска во „Отвореното студио“ на ТВ Нова.
Таа додава дека националната стратегија нормално мора да ги опфати сите дејности од областа на културата.
-Прочитајте ја националната стратегија и точно можете да видите во кој правец ќе се движи државата. Македонски јазик како нешто што е најзначајно, не постои внатре во Националната стратегија, посочи Канческа-Милевска.
Таа додава дека ако направите една ретроспектива и анализа ќе видите дека Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија нема чувство на припадност во делот на културата и вложување во културниот развој.