
Непознати лица изминатата ноќ извршиле оштетување и нагрдување на штаботна ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, испишувајќи по него пораки со партиска содржина.
„Партијата ги пријави инцидентите во канцеларијата на ОБСЕ и во МВР и побаравме да превземат соодветни законски мерки за пронаоѓање и утврдување на одговорност на сторителите со цел создавањеуслови за непречено одвивање на предизборна кампања. За жал, демолирањето на партиски штабови, насилството и вандализмот се дел од долгогодишно политичко искуство на нашите опоненти, истакна носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани“, Лазо Митев.
Им порача на сограѓаните дека инцидентите, пораките на заплашување или вандалско однесување нема да ја обесхрабрат партијата да го задржи политичкото достоинство. Рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја води кампањата на високо демократско ниво со една единствена цел, напредок на општина Кочани.