
Македонски Телеком ја измери досега најголемата брзина на пренос на податоци на мобилната мрежа во земјава и во регионот од над 500 Mbps за симнување (download). Се планира во наредните години, со инвестиции од над 60 милиони евра овие брзини да бидат достапни за сите корисници.
Од наредната недела, па до крајот на годинава 100 илјади корисници на фиксната бакарна мрежа на Македонски Телеком ќе добијат побрз интернет. Овие корисници ќе добијат хибридно решение и интернет брзината ќе им се зголеми до 100 мегабита во секунда. Новина е воведувањето и на услугата – Telekom Safe Net, која ќе ги заштити корисниците од злонамерни софтвери, крадење на лични податоци, вируси или хакирање при сурфање на интернет преку мобилната мрежа. Инаку, Телеком во наредниве три години ќе инвестира 60 милиони евра за да ја надгради мобилната мрежа за да може сите корисници да постигат брзини за симнување податоци од над 500 мегабити во секунда.
Ја најавуваме следната еволуција „Гиганет“ за брз фиксен и мобилен интернет во Македонија. Денеска на тестирањето постигнавме брзина од над 500 мегабити во секунда во мобилната мрежа. Во моментов за 30 проценти од домаќинствата можеме да обезбедиме интернет преку оптички кабел со брзина од еден гигабит во секунда. Не нудиме само брзина туку и сигурност и од понеделник нашата најбрза мрежа ќе биде и најбезбедна. Ќе ги спречиме опасните софтфери да дојдат до коринсиците, изјави Андреас Елснер, главниот извршен директор на Македонски Телеком.
Освен мобилната, Македонски Телеком ја надградува и фиксната мрежа. Иако брзината од 1гигабит во секунда веќе е достапна за корисниците со оптика, надградба се прави на постојната бакарна линија со понапредна технологија, со што до крајот на годината над 100 000 корисници кои се на бакар ќе имаат техничка можност за двојно поголеми брзини. Оваа технологија ќе им овозможи побрз интернет и подобра ТВ услуга.
Со новата технологија, ќе можете да симнете филм од 2 гига бајти за 20 секунди, додека го спремите вашето еспресо. Направивме уште еден еволуциски чекор во технологијата, брзината што денес ја измеривме е најголема измерена брзина, не само во Македонија туку и во регионот и работиме на тоа да стане достапна за сите корисници во наредните 2 години, изјави Елснер.
Освен надградбата на мрежите, кои сега достигнуваат големи брзини, Македонски Телеком воведува и услуга – Telekom Safe Net, која ќе ги заштити корисниците од злонамерни софтвери, крадење на лични податоци, вируси или хакирање при сурфање на интернет преку мобилната мрежа. Услугата функционира без разлика на типот на мобилниот уред или оперативниот систем и ќе може да се активира преку веб страна која ќе се појави во интернет прелистувачот кога корисникот ќе биде поврзан на мобилната мрежа. Со оваа услуга, која се воведува за прв пат на пазарот, корисниците ќе бидат заштитени од небезбеден интернет сообраќај и освен најбрзата, ќе ја користат и најбезбедната мрежа.