
Периодов на политичка изборна кампања донесе многу несугурност и страв кај граѓаните, особено по секојдневните полициски извештаи за фрлени бомби во дворови на семејни куќи, физички и вооружени напади со огнено и студено оружје, подметнување пожари на автомобили и домови, вооружени грабежи на аптеки и обложувалници…
Денеска повторно во дневниот полициски билтен има информација за опожарено возило, сега во скопската населба Капиштец.
Имено, околу 2.23 часот по полноќ, Д.Ј. пријавил дека на улица „Адам Мицкиевиќ“, неколку непознати лица кои биле со качулки на главите, фрлиле запалено шише во предниот дел на патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговиот син А.Ј.(30). Таткото на сопственикот на возилото успеал сам да го изгаси пожарот, откако сторителите го напуштиле местото на настанот.
Истрагата е во тек, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата.
Сите овие настани, кои утрово кулминираа и со смрт на застреланиот носител на независната кандидатска листа за Кичево, Алит Абази, создаваат застрашувачка предизборна атмосфера, која секако не придонесува за демократските процеси во земјава.
Сето ова предизвикува чувство на непријатност и страв за граѓаните, за што сериозно треба да подразмислат и секако да делуваат надлежните институции кои треба да овозможат услови за фер и демократски избори.