
Во налето на возило на тротоар во Лондон во близина на Природонаучниот музеј поведени се повеќе пешаци а еден маж е уапсен, а полицијата соопшти дека не го истражува инцидентот како терористички чин, пренесуваат британските медиуми.
Полицијата инцидентот во лондонскиот кварт Саут Кенсингтон го опиша како судар и се истражува мотивот и околностите за настанот, пренесува агенцијата Reuters.
Репортерот на јавниот сервис BBC од местото на настанот ја пренесе оцената на полицијата дека станува збор за полесни повреди.
Според весникот Evening Standard, станиците од лондонската подземна железница „Саут Кенсингтон“ и „Слоан Сквер“ по инцидентот биле евкуирани
Премиерката Тереза Меј добива правовремено информации за текот на истрагата, соопштија од премиерскиот кабинет.