
СДС полека почнува да ги укинува и бесплатните учебници и образованието го враќа во времето кога тие беа на власт, кога родителите трчаа по книжарници за да купат комплет учебници за нивните деца, обвинува Коче Гаврилов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
-По укинувањето на екстерното оценување и укинувањето на Кембрич системот, СДС продолжува со деструкцијата во образованието. ВМРО-ДПМНЕ воведе пракса секој ученик на почетокот на учебната година да има на располагање комплет бесплатни учебници. На почетокот на оваа учебна година нема бесплатни учебници за сите ученици во основните училишта. Имено недостасуваат 34.598 учебници. Недостасуваат 2.674 учебници во основните училишта во општина Карпош, 6.446 во Аеродром, 10.203 во Прилеп, 4.067 во Гевгелија, 3.489 во Гостивар, 5.880 во Кисела Вода, 1.044 во Маврово и Ростуше, 150 во Василево, 160 во Новаци, 485 во Кочани, недостасуваат учебници во скоро сите општини низ државата, истакна тој.
Гаврилов обвинува дека СДСМ ги остави учениците без учебници.
-Бараме одговорност од надлежните во МОН! За овој пропуст мора некој да одговара! Зошто нема бесплатни учебници? Каде се парите за учебниците? Владата на СДС секојдневно троши пари на луксизирањата на министрите и на партиски вработувања, на штета на децата за кои нема учебници за да можат да учат. Затоа на претстојните локални избори на 15-ти октомври, граѓаните ќе ги казнат СДС за празните ветувања и манипулации, и нивното неодговорно владеење, порачува Гаврилов.