
Во скопско село Арачиново, во неделата вечерта со огнено оружје е пукано врз партиски активисти на Движењето БЕСА додека лепеле плакати, потврди во понеделникот министерството за внатрешни работи.
Инцидентот бил пријавен во 22,20 часот, кога едно лице пријавило дека додека 22-годишниот жител на скопското село Арачиново заедно со други активисти на Движењето БЕСА лепеле предизборни плакати, во нивна близина застанал автомобил „голф“ со скопски регистерски раблички во кое имало лице кое не им било познато на нападнатите и кое преку прозорецот од возилото ипсукало куршум во воздух, по што се оддалечило од местото.
По дваесетина минути, пријавителот на настанот и другите активисти се вратиле на местото на инццидентот и успеале да најдат една чаура, која ја однеле во Полициското одделение Арачиново.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.
На почетокот од октомври беше демолиран штабот од Движењето БЕСА, а исто така, на Бит Пазар беа искинати се постери на кандидатот на Движењето БЕСА за општина Чаир, Зеќирија Ибрахими.
Претходно непознати сторители го демолираа седиштетот на Демократската партја на Србите на Македонија во Скопје. Таа партија, чиј претседател е Иван Стоилковиќ е дел од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во која партиципира со неколку советнички места на кандидатските листи и еден кандидат за градоначалник.
Искршено беше и стаклото на излогот на штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода. Кандидатот за градоначалник на таа партија во Кисела Вода, Јохан Тарчуловски го осуди инцидентот.
Минатата седмица непознати лица извршија оштетување и нагрдување на штаботна ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, испишувајќи по него пораки со партиска содржина.
Полицијата засега нема расчитесно ниту еден од овие случаи.
Падна првата жртва – Изборите зачинети со убиство
Овие локални избори во организација на власта на СДСМ ќе останат и запаметени и по првото убиство на кандидат, односно на носителот на независната кандидатска листа за Кичево, Алит Абази, кој беше застрелан на 26-ти септември, годинава, во центарот на градот. Во инцидентот покрај него, беа ранети и шефот на неговиот изборен штаб Дестан Абдиу и Шабан Далипи, кои исто така се во болница.
Покрај убиството, дел од инцидентите кои во голема мерка го нарушија демократскиот амбиент пред изборите се и скршени и оштетени партиски штабови, претепан политичар, како и полициска бруталност кон еден од кандидатите за градоначалник.
Крвнички, со метални и дрвени прачки, беше претепан Елвис Бајрам, актуелен градоначалник на скопската општина Шуто Оризари и кандидат за прв човек на оваа општина на претстојните локални избори.
Пред почетокот на партиската конвенција на ВМРО-ДПМНЕ, во насилен претрес при влез во Скопје, полициски службеници му вперија пиштоли во глава на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци, угледниот бизнисмен Митко Јанчев.