
Земјотрес од 3,2 степени според Рихтер е почувствуван околу 10,30 часот во понеделникот во близина на Ресен.
Според Европскиот сеизмолошки завод потресот бил на 5 километри северозападно од Ресен и 4 километри западно од Јанковец на 2 километри длабочина.
Половина час претходн, пак, жителите на Пехчево почувствувале потрес кој бил со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот бил на 6 километри западно од Пехчево и 8 километри северно од Владимирово, исто така на два километра длабочина.