ВМРО-ДПМНЕ со огромна предност пред СДСМ

Во приказот достапен за јавност направена е споредба меѓу кандидатите на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, освен на прашањето за вкупните рејтинзи на политичките партии на ниво на држава каде се вклучени сите политички субјекти.

Она што може да се заклучи од анализите е предност на кандидатите за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија. Нестандардните гласачите кои излегоа на минатите избори, а кои беа пасивни минатите изборни циклуси, многу веројатно е дека на овие локални избори нема да излезат да гласаат. Кај албанското гласачко тело постои револт кон партијата на власт СДСМ, поради коалицирањето со ДУИ кои ја перцепираат како партија која долги години е на власт. Постои и 2.8 осто скриени гласачи кои не го соопштуваат своето мислење, а веројатно на денот на избори да се определат за опзициската ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија.

Партијата којашто на последните парламентарни избори од ланскиот 11-ти декември ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број гласови има голема предност во пресрет на локалните избори кои ќе се одржат во недела од речиси 17 процентни поени пред главнито конкурент владејачката СДСМ, покажува истражувањето на јавното мнение спроведено од Институтот „Димитрија Чуповски“.

На прашањето „За која политичка партија е гласата на следните локалните избори?“, за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 38,6 отсто од испитаниците, додека СДСМ добива 21,8 отсто поддршка. Следи Демократската унија за интеграција (ДУИ), со 4,2 отсто доверба, Движењето БЕСА, има 3,9 отсто, а Алијансата за Албанците ја поддржале 2 процента од анкетираните.

Со „не знам“, „нема одговор“ ичи „нема да гласам“ одговориле 26,6 отсто од испитаниците.

Двете најголеми партии најжестока кампања водат за главниот град Скопје, каде што во безбедна предност со 36,2 отсто според споменатата анкета е кандидатот на ВРМО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник Коце Трајановски, пред Петре Шилегов кој како кандидат на СДСМ има поддршка од 26,1 отсто од испитаниците.

Дека ќе гласаат за друг кандидат се изјасниле 5,9 отсто, но висок е процентот на оние кои не се изјаснуваат, не се одлучиле или, пак, нема да гласаат – 31,8 отсто.

Кога станува збор за скопката општина Аеродром, и тука во вдоство е актеулениот граоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски со 39,4 отсто, додека социјалдеморкатскиот кандидт Златко Марин има 32,5 отсто доверба. Во оваа општина 28,1 отсто од испитаниците уште немаат донесено одлука, нема да гласат или немале одговор.

Во Битола, пак, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Зоран Илиоски е во водство со 33,6 отсто од сограѓните, додека кандидатката на СДСМ Наташа Петровска има доверба од 30,4 отсто, а а друг кандидат се изјасниле 5,7 отсто од испитаниците. Неодредени се 30,3 отсто.

Во Струмица, каде што актуелниот премиер Зоран Заев беше донеодамнешен градоначалник, неговата СДСМ со Коста Јаневски има минимална предност со 32,9 отсто пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Марјан Бајрактаров кој има поддршка од 32,1 отсто. Во оваа општина дуро 35 отсто од испитаниците дале неопределни одговори за кого ќе гласаат.

СДСМ со кандидатот Саша Богдановиќ има достижно водство и во скоспката општина Центар со 39,6 отсто од гласовите. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Јованивски, во обидот партијата да ја освои оваа општина има доверба од 36,7 отсто од испитаниците. За дуг кандидат ќе гласаат 2,4 отсто а 21,3 проценти немаат дадено одговор, покажува анкетата.

Лидерот на партијата ГРОМ која е во коалицијата За подобра Македонија предводена од ВРМО-ДПМНЕ, Стевчо Јакимовски има шанси да добие уште еден мандат на градоначалничката должност во скопски Карпош. Тој е во водство со 34,3 отсто, пред кандидатот на СДСМ, Стефан Богоев со 32,8 отсто од анкетираните. Во Карпош 32,9 отсто од испитаниците не знаат за кого ќе гласаат во овој момент, нема да гласаат или не дале одговор.

Мртва трка се води во општина Кочани. Актуелниот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Ратко Димитровски ужива поддршка до 34, 2 отсто, додека неговиот ривал од СДСМ Николчо Илијев е за само 0,6 проценти поени во водство. За друг кандидат се определиле вкупно 3,2 отсто од анкетираните а 27,8 отсто имаат недореден одговор.

Јохан Тарчуловски со 41,4 отсто поддршка во анкетата навесува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе забележи уште една победа во скопската општина Кисела Вода. Имено, Филип Темелковски од СДСМ заостанува со 33,6 отсто доверба. Во оваа општина точно 25 проценит од испитаниците не се изјасниле.

ВМРО-ДПМНЕ води и во битката за Ѓорче Петров. Нивниот кандидат Владо Мисајловски има доверба од 38,5 отсто пред Александар Наумоски од СДСМ за кого бни гласале 34,4 отсто од анкетираните. Со трите неодредени варијанти а одговор се изјасниле 27,1 отсто.

Зоран Ѓорѓиевски од ВРМО-ДПМНЕ со 29,7 отсто поддршка од испитаниците ќе се обиде да направи смена на власта во Куманово, каде што пратеникот Максим Димитреивски од СДСМ го следи со 28,2 отсто доверба. Албанските партии во оваа општина имаат истакнати свои кандидати, кои вкупно имаат 10,7 отсо доверба, а 31,4 отсто од испитаниците се со недореден одговор.

Во Гази Баба Тони Трајковски со 39,4 отсто му носи предност на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба, а Борче Георгиевски до СДСМ има поддршка до 28,1 отсто. Другите кандидати би освоиле 2,1 отсто од гласовите, а 30,3 отсто се со недореден одговор.

Во Берово, пак,кандидатот на СДСМ Звонко Пекевски има незначително водствосо 34,7 отсто, пред Никола Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ со 33,8 отсто поддршка. Во оваа општина 31,5 отсто од анкетираните немаат прецизен одговор.

 

Во скопската општина Бутел, пак, Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ со 35,6 отсто доверба е во значителна предност пред Велимир Смилевски од СДМС кој има поддршка од 28,8 отсто од гласовите. За друг кандидат за градоначалник на оваа општина се одредиле 7,2. Со „не знам“, „нема да гласам“ одговориле или намел одговор 28,4 отсто од испитаниците.

Институтот Димитрија Чупоски ја направил анкета на јавното мислење на репрезентативен примерок од од 850-1.200 испитаници, од 4-ти до 6-ти октомври оваа година.

Анкетата е спроведена на ниво на цела држава и поедничено во неколку општини кои беа предмет на анализа на Иснтитутот. В предвид биел земени демографските карактеристики, вклучително пол и возраст, припадност кон етничка заедница, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење.