
Данската влада сака следните пет години да го зголеми буџетот за одбраната за 20 отсто како одговор на наводната зголемена воена активност на Русија на истокот и северот на Европа.
„Русија вложува големи пари во својата арија и одржува големи воени вежби на Балтичкото Море и покрај границите на балтичките мориња, кршејќи ги меѓународните правила и принципи“, соопшти владата на Данска во образложението на својата одлука.
Кабинетот на премиерот Ларс Локе Расмусен, поради тоа, предложил постепено зголемување на буџетот за одбраната за 20 отсто во следните пет години, односно дополнителни 762 милиони американски долари.
Тоа вклучува основање на нова бригада од 4.000 војници којашто би дејствувале во балтичкиот и нордискиот регион, опремена со протввоздушни ракети, тенкови, артилерија и противподморнички средства.
Со владиниот предлог издвојувањето за одбраната би се зголемило од минатогодишните 1,2 отсто на 1,3 отсто од бруто домашниот производ (БДП) во 2023 година.
Предлогот доаѓа во времето кога во нордискиот и балтичкиот регион се зголемува стравот од јакнењето на руската воена моќ. Повеќето западни земји се загрижени откако Русија започна со одговори на некои дејствија во нејзиното соседство, како што беа операциите во Јужна Осетија во 2011 година и откако црноморскиот полуостров Крим во март 2014 година по спроведениот референдум на тамошното доминантно руско население се присоедини на Руската Федерација, што Западот го смета за нелегално руско анектирање на украинска територија.