
Општинската изборна комисија-Битола соопшти дека до 13 часот од 64 евидентирани болни и изнемоштени лица, согласно закон гласале 31 лице.
– Гласањето се одвива непречено. Граѓаните имаат можност да избираат од четири предложени кандидати за градоначалници и осум листи со кандидати за советници, потврди Зоран Насев, претседател на ОИК-Битола.
Утрово од 7 часот се гласа и до 19 часот ќе се гласа, и во Битолскиот затвор.