Водечкиот ПСЖ ја зголеми предноста

Во 9-то коло од француското фудбалско првенство Пари Сен Жермен во саботата на гости го совлада слабиот Дижон со 2:1, со гол постигнат на самиот крај од мечот.

Дуелот во Дижон до дваесет минути пред крајот беше без голови, но во 71 минута херојот на ПСЖ бекот Томас Муние ги донесе „светците“ во водство. Дижон пак израмни во 87 минута преку Бенжамин Жено, но во третата минута од судиското продолжение Муние повторно погоди за победата на ПСЖ.

Ден претходно во дербито на колото Лион на свој терен го совлада Монако со 3:2, па сега водечкиот ПСЖ има шест бодови повеќе од второпласираниот Монако.

Гинжамп со 2:0 го совлада Стад Рен, Лил и Троа одиграа 2:2, Сент Етјен со 3:1 го совлада Мец, Тулиз минимално со 1:0 беше подобар од Амјен, а Каен дома беше поразен од Анжер со 0:2.